Што треба да знаете за симптомите на варијантите БА.4 и БА.5 на омикрон?

Омикрон / Фото: Профимедиа

Овие две нови варијанти сочинуваат најголем дел од случаите на ковид оваа година, според податоците од Центарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ). Само варијантата БА.5 сочинуваше 81 отсто од заразите во октомври, објави Health.com.

Варијантите БA.4 и БA.5 најчесто предизвикуваат симптоми слични на настинка како температура, кашлица, болки во грлото, течење на носот и замор, како и проблеми со дишењето, велат експертите.

Симптомите може да вклучуваат болка во мускулите и дијареја (пролив), додека губењето на мирис и вкус се ретки симптоми кај заболените од овие варијанти.

Со оглед на тоа дека симптомите се поблаги, може да се лекуваат дома, па во овој момент, според експертите, нема зголемување на хоспитализирањата и смртните случаи.

Меѓутоа, се бележи пораст на бројот на заразени поради брзото ширење на вирусот.

Експертите сметаат дека токму поради благите симптоми овие варијанти се шират многу побрзо бидејќи луѓето не знаат дека се заразени со вирусот, туку мислат дека се работи за алергија или настинка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот