Што побрзо се усвојат законските измени, толку побргу пациентите ќе добијат лекови, вели д-р Данева Маркова

Ана Данева Маркова и Јованка Тренчевска прес / Фото МИА

Што побрзо се усвојат законските измени, толку побргу пациентите ќе имаат поедноставна и побрза достава на сите лекови, изјави денеска проф. д-р Ана Данева Маркова, советник за здравство на премиерот, во одговор на новинарско прашање дали очекува дека брзо ќе бидат усвоени тие измени и дека сите пациенти коишто имаат цистична фиброза, ќе добијат лек „Трикафта”.

– Минатата недела лично од премиерот чувте на прес-конференција дека лично тој предложи во соработка со поголем број на експерти, законски измени што оваа недела се во собраниска процедура. На 16 март. Се надевам и интенцијата е во што пократок рок да бидат усвоени законските измени што предвидуваат измени во два закона. Законот за лекови и законот за здравствено осигурување. Што побрзо се усвојат законските измени, толку побргу пациентите ќе имаат поедноставна и побрза достава на сите лекови, изјави Данева Маркова, која е и дел од тимот што работеше на законските измени што веќе се во собраниска процедура.

Таа потенцира дека измените не ги опфаќаат само пациентите со цистична фиброза, туку и сите групи на пациенти за коишто се набавува терапија на овој начин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот