Замрзнат автомобил/Фото: PickPik

Што кога ќе ви замрзне бравата на автомобилот? Како да си помогнете ако не можете да ја отворите вратата од возилото?

Ледениот дожд, растопениот и повторно замрзнат снег: и едното и другото може да доведат до таложење на водата помеѓу гумите и вратата или во бравата и со самото тоа до нејзино замрзнување. Тука се и големите минуси на температурата како дополнителна причина.

Што да направите кога вратата на автомобилот не се отвора. Прво треба да проверите дали гумените заптивки на вратата на автомобилот се замрзнати или бравата е замрзната – оваа опција, секако, не претставува проблем со централното заклучување, пишува ХАК.

Ако клучот влегува во бравата и може да се заврти, но вратата не се отвора, замрзнувањето најверојатно е последица на гумениот раб на вратата. Во таков случај никогаш не обидувајте се сосила да ја отворите замрзнатата врата на автомобилот. Бидејќи ако гумените заптивки на вратата и каросеријата се залепени, материјалот може да пукне и да настане поголема штета.

Наместо насилно да ја влечете вратата, прво притиснете ја надворешната страна на вратата на автомобилот. Со малку вештина, мразот може да попука меѓу заптивките. Можете и лесно да потчукнете по лимениот дел од вратата. Пробајте ги и другите врати – можеби вратата на совозачот полесно ќе се отвори.

Пред почетокот на патувањето, вратата на возачот мора да се отвораат и однадвор, заради можна помош по несреќа.

Загрејте вода на околу 50 степени, а потоа внимателно прелијте ја рамката на вратата.

Но, никогаш не користете врела вода – таа може да ја оштети бојата. И не ја прелевајте водата врз стаклото: наглиот пораст на температурата може да предизвика пукање. Откако вратата повторно ќе може да се отвори, исушете ја внатрешноста и заптивките за да спречите повторно замрзнување.

Ако бравата е замрзната, најпрво пробајте со хемиски одмрзнувач. Како алтернатива може да послужи средство за дезинфекција што содржи алкохол.

Може да помогне и запалка со која ќе го загреете клучот од автомобилот. Потоа внимателно и полека вметнете го топлиот клуч во бравата и завртете го – на тој начин мразот во бравата може да се одмрзне.

Одмрзнување со фен? Не е добра идеја. Не размислувајте за одмрзнување на вратите или бравите со фен за коса. За жал, тоа обично не помага.

На студен воздух, врелиот воздух од фенот се лади толку брзо што не допира ниту до замрзнатите делови во гумените заптивки. Тоа може дури и да ја оштетат вратата поради високите температури.

Дури и пред првиот мраз, исчистете ги гумените заптивки на вратите со соодветно средство за нега. Не користете путер, млеко за тело или лој. Тенкиот заштитен слој спречува директен допир на гумата и обезбедува двата гумени дела да не се замрзнат. Исто така, ги штити гумените заптивки од сушење и пукање. Бравата на вратата може да се заштити со графит, а помага и редовното подмачкување, пишува Германскиот автоклуб (АДАК).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот