Што го прави корејскиот бренд „SIORIS“ посебен?

промо

Нивниот асортиман на производи за нега на кожа, со навистина природни состојки, со помал рок на траење, покажува како природниот пристап кон негата на кожата може да помогне да се воспостави рамнотежа кај кожата со различни проблеми и потреби.

Откријте ја моќта на чистите и сезонски состојки кои потекнуваат од органски фарми во производите за нега на кожата на корејскиот бренд Sioris. Минималистичкиот пристап на Sioris е нешто што не може да се види кај други брендови. Нивниот асортиман на производи за нега на кожа, со навистина природни состојки, со помал рок на траење, покажува како природниот пристап кон негата на кожата може да помогне да се воспостави рамнотежа кај кожата со различни проблеми и потреби.

Всушност, Sioris го сфаќа ова толку сериозно, што чека додека состојките станат сезонски достапни во растенијата од органските фарми. Тоа само покажува колку посветеност имаат во својата мисија за да создадат производи за оние кои сакаат навистина природни производи. Затоа Soris може да се издвои како бренд на „чиста убавина“.

Брендот Sioris создава низа производи дизајнирани да им помогнат на сите типови на кожа, вклучувајќи ги и оние со најчувствителна кожа. Ако се двоумите од каде да почнете, еве некои препораки за најомилените производи на потрошувачите.

Кој производ на Sioris е меѓу најпопуларните?

Веднаш ќе се заљубите во Falling Into The Rose Mist спрејот на Sioris, поради уникатната формула на хидратантна и избалансирана комбинација на зелен чај, вода од роза и хранливи масла. Познат по своите органски состојки, Sioris користи 47,5% зелен чај собран еднаш годишно од врвот на Босеонг. Во својот состав содржи екстракт од лист од чемпрес, сквалан и арганово масло, кои сите заедно брзо се апсорбираат, помагаат во балансирањето на создавањето на себум во кожата, како и во смирувањето на чувствителноста и иритацијата и во одржувањето на хидрирана бариера на кожата. Мирисот на свежа роза е добиен исклучиво од природни есенцијални масла. Оние од вас кои имаат комбинирани типови на кожа, може да го пробаат Falling Into The Rose Mist.

Кој вегански производ од Sioris се истакнува?

Со изобилство од природни и органски состојки, Feel So Fresh Toner на Sioris, ѝ помага на кожата да ја врати рамнотежата, истовремено додававајќи ѝ хидратација и подобрувајќи ја нејзината текстура. Органскиот екстракт од цитрус од островот Џеџу е преполн со витамин Ц, кој помага во осветлувањето на кожата, додека екстрактот од брокула додава хидратација на чувствителната кожа. Екстрактот од кора од црна врба нежно ја ексфолира кожата, помага да се елиминираат црнките и мртвите клетки, како и во контролата на себумот. Овој природен тонер е направен со 90% органски сезонски состојки од Јужна Кореја, за оптимална свежина и ефикасност. Клинички тестиран, не иритирачки, со ниска pH вредност и антимикробен, овој тонер е совршен за оние со мрсна, комбинирана и чувствителна кожа.

Дали некои производи на Sioris помагаат кај иритирана кожа?

Со ефект на измазнување и зајакнување на кожата, Enriched By Nature Cream на Sioris e крем со мека, брзо апсорбирачка, налик на путер текстура. Kористи уникатна мешавина од хранливи состојки за да формира заштитен слој и да го зголеми задржувањето на хидратацијата. Органскиот шеа путер ја хидрира кожата и има богата концентрација на антиоксиданти, меѓу кои витамин Е и каротин, додека комбинацијата од алфа-бисаболол и екстракт од цвет од Rosa multiflora го дава ефектот на светла и сјајна кожа со изедначен тон. Органската вода од зелен чај дополнително ја хидрира кожата и смирува различна иритација. Природните есенцијални масла кои се доволно нежни за чувствителна кожа, обезбедуваат лесен цветен мирис. Овој крем е совршен за сува или зрела кожа и идеален за оние со многу чувствителна и иритирана кожа.

Дали има производи од Sioris за дополнителен третман на кожата?

Без разлика дали имате 15 минути или цел ден за третман на кожата, додавањето на лист-маската Make It Bright Sheet Mask во Вашата рутина за нега, навистина ќе Ви помогне во релаксирањето и регенерирањето на кожата и ќе се чувствувате подмладени. Тоа е хидратантна лист-маска потопена во есенција од 73% органска сезонска вода од сливи, полна со витамини и минерали кои потекнуваат од Гвангјанг, Кореја. Есенцијата е формулирана со смирувачки екстракт од Centella asiatica и екстракт од брокула, богат со витамин Ц, кој помага за осветлување на тонот на кожата. Ниацинамидот (витамин Б3) заедно со пантенолот (витамин Б5), делуваат за осветлување на тонот на кожата. Еколошката ткаенина на лист-маската е изработена од еукалиптус кој има апсорбирачки и навлажнувачки својства, лесно и нежно се лепи на лицето, без да предизвика иритација на чувствителната кожа.

Sioris се смета за бренд на „чиста убавина“ и често ги користи фразите како „вегански производ“, „не користи суровост кон животните“, „без парабени и фталати“. Нивната дефиниција се потпира на оценките на EWG (Environmental Working Group) на САД, а нивните производи се сертифицирани со COSMetics Organic and Natural Standard Certification, стандарди за органско призводство, поставени од 5 европски земји.

Производите на Sioris можете да ги најдете ексклузивно во специјализираната продавница за корејска козметика Olpeo, на продажните места во ГТЦ-Скопје на 1-ви кат и Палма мол во Тетово, или да ги нарачате на www.olpeo.mk.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот