Што е дефибрилатор, апаратот кој го спаси животот на Кристијан Ериксен 

Данецот Кристијан Ериксен колабираше во текот на мечот на ЕП против Финска/Фото: EPA-EFE/Friedemann Vogel

Со одлука на лекарски и кардиолог, на данскиот репрезентативец Кристијан Ериксен кој откако колабира на теренот по што неговото срце застана одреден период застана да чука, денеска со оперативен зафат му беше вграден ИЦД уред за работа на срцето (дефибрилатор).
Оваа интервенција треба да му овозможи нормална работа на срцето и се препорачува секаде каде што постои нарушување на ритамот на срцето.

Ненајдејното колабирање на Ериксен изминатата сабота и привремениот прекин на работата на срцето е една од најчестите причини за смрт во светот, а до престанок на работата на најважниот човечки орган најчесто доаѓа поради нарушување на работата на срцето. Во тие моменти животот може да биде спасен со брза реанимација, а вотоа  клучна улога има дефибрилаторот.

Апаратот се состои од единица за напојување и две метални надворешни или внатрешни електроди преку кои се вршат електро-шокови во предели на градите или директно на срцето. Со користење на контролиран висок напон, се пренесува струја низ срцето за да се нормализира работата на најважниот човечки орган.

Ериксен ќе има вграден дефибрилатор кој ќе му помага околу работата на срцето!

За прв пат дефибрилаторот е применет во 19 век, откако физиолозите од Универзитетот во Женеца, Жан Луи Превос и Фредерик Батели во 1899 година открија дека електро шоковите предизвикуваат фибрилации кај кучињата. Современиот дефибрилатор го измисли Вилијам Кувеовен во 1930 година кој како студен го проучуваше ефектот на електро шоковите на човечкото срце. На основ на неговото истражување контруирал уред за екстерно стартување на срцето кој прво го тестирал на кучиња.

Крај на кариерата за Данецот, Ериксен е опериран

Докторот на Данска открива: Ериксен остана без пулс, со масажа на срцето му го спасивме животот

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот