Ериксен ќе има вграден дефибрилатор кој ќе му помага околу работата на срцето!
Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен, кој колабираше на мечот меѓу Данска и Финска на стартот на Европското првенство во саботата, ќе има кардиовертер дефибрилатор под неговата кожа, објави денеска првите луѓе на данскиот фудбал.
Препорачано
– После различни тестови на срцето на кои беше подложен Кристијан, беше одлучено тој да носи вграден дефибрилатор – DAI (автоматски вграден кардиовертер дефибрилатор) – се вели во соопштението на данската фудбалска федерација.
Докторот на данската репрезентација, Мортен Боесен истакна дека овој уред е потребен по срцев удар предизвикан од нарушувања на срцевиот ритам.
Како што се наведува во соопштението фудбалерот на Интер ја прифатил таа опција, а планот и опцијата биле поддржани од лекари специјалисти во Данска, како и странски специјалисти, кои исто така препорачуваат ист третман.
Данската федерација побара од сите да ја почитуваат приватноста на Кристијан Ериксен и неговото семејство во овој момент.


