Крај на кариерата за Данецот, Ериксен е опериран

Благодарение на навремената реакција на лекарите му беше спасен животот на Ериксен/ EPA-EFE/Friedemann Vogel

Добри вести за здравјето на данскиот репрезентативец, Кристијан Ериксен кој изминатата сабота колабираше на теренот на натпреварот против Финска. Според весникот „Марка“ Ериксен е успешно опериран и се очекува денеска да биде пуштен на домашно лекување.

На него му е вграден специјален апарат, дефибрилатор, кој ќе му ја контролира работата на срцето.

Операцијата и вградувањето на дефибрилаторот,  ќе значат и крај на кариерата на Ериксен, но Данецот ќе може да води нормален живот.

Некои негови соиграчи како Дејли Блинд исто така имаа слични проблеми, но продолжија да играат фудбал. Блинд два пати колабираше на теренот, но се уште настапува за Ајакс, но за разлика од него, состојбата со Ериксен е далеку посериозна. Тој нема да продолжи да игра фудбал бидејќи не смее премногу да го оптеретува телото, а со тоа и срцето.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот