Што да направите кога на детето ќе му се заглави нешто во устата

Најважно е да знаете како да му помогнете веднаш на вашето дете.

Ситните играчки или предмети кои нашите малечки ги ставаат во устата се виновни за дури една третина од смртта на помладите од 14 години. На секоја играчка која содржи мали ситни делови пишува дека не треба да се дава на мали деца бидејќи постои опасност да ги стават во уста и да се угушат.

И покрај тоа што предупредувањата се насекаде сепак родителите не водат толку строга сметка за тоа. А статистиката го потврдува тоа.

Колку децата се помали, толку проблемот е поголем, од една страна поради се уште неускладениот систем за дишење и хранење, а од друга поради самиот облик на хранопроводот кој се уште е цилиндричен и попогоден за опструкција.

Кога проблемот ќе почне, постојат начини да се избегне трагедија. Но, треба да се знае и што никако не треба да правите. Така, да кажеме, никогаш не треба да се обидувате предметот со прсти да го извлекувате од устата на детето.

Првата реакција на детето би била кашлање, оваа реакција телото инстиктивно ја дава во обид да се исфрли предметот кој се заглавил и повторно да се воспостави дишењето. Во повеќето случаи кашлањето ќе го исфрли предметот.

Меѓутоа, кога тоа не е доволно, од клучно значење е да знаете како да му помогнете веднаш на детето.

Предијатрите направија попис за постапување против случајно гушење.

1. Кога ќе забележите дека на детето нешто му се заглавило во устата, обидете се да го наведете на силно кашлање, бидејќи кашлањето е природниот начин за помош. Положбата за кашлање не е важна, детето само природно и инстиктивно ќе се намести во најприродната положба за кашлање со цел да си помогне.

2. Доколку надворешниот предмет веќе се заглавил и го прекинал дишењето, би било најдобро некој веднаш да повика итна помош, но детето за тоа време никако не смеете да го оставите само, туку постојано да му пружате помош.

3. Фатете го детето за долната вилица и легнете го преку своите колена. Доколку сте деснак и ја држите вилицата на детето со десна рака, тогаш преку десното колено. Ако сте левак, тогаш обратно.

4. Отворете ја вилицата најшироко, доколку предметот е видлив за вас, обидете се нежно да го отстраните, но доколку не е тогаш упорно терајте го детето да кашла со сета сила, додека да стаса брзата помош.

5. Во многу случаи помага и стискањето од позади за градите, односно гушнете го детето од позади и силно и импулсивно притискајте го, како со контракции, со цел воздухот кој останал во белите дробови да го истиснете на сила, а тој воздух да го исфрли предметот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот