Шпанија во трилер натпревар ја совлада Шведска и си закажа полуфинална пресметка со актуелниот олимписки шампион

EPA-EFE/FRANCK ROBICHON

Ракометната репрезентација на Шпанија во вистински трилер натпревар ја совлада Шведска со 34:33 (18:20) и се пласира во полуфиналето на Олимписките игри каде ја очекува селекцијата на Данска која беше поуспешна од Норвешка.

Швеѓаните во финишот од првото полувреме успеаја да дојдат до предност од два гола, имаа и 17:20, но Шпанците на одмор заминаа со минус два (18:20).
Швеѓаните предноста ја чуваа до самата завршница кога Шпанија по негативата од 25:29 направи серија од 5:0 и поведе со 30:29. Серијата од 5:0 го шокира Швеѓаните кои не успеаја да се опорават и да се изборат за продолженија. Шпанија направи нова мини серија, овој пат од 3:1 со која ги реши дилемите околу победникот.
Абело Гомез со осум и Алекс Душебаев и Раул Ентрериос со по пет гола беа најдобри кај „фуријата“, додека кај селекцијата на Шведска најдобри беа Хампус Ване со 10 гола и Фредрик Петерсонс со шест.

Шпанија во полуфиналето ќе игра со актуелниот олимписки и светски шампион Данска која со 31:25 ја совлада Норвешка. Хансен и Холм со по осум постигнати голови беа најдобри во селекцијата на Данска, додека Сагосен беше прво име кај Норвежаните со осум постигнати голови.

Пласман во полуфиналето обезбеди и селекцијата на Франција која со убедливи 42:28 го победи Бахреин.
„Триколорите“ доминираа од првата па се до последната минута кога на крајот славеа со убедливи 14 голови разлика (42:28). Кентан Мае со девет и Николас Турнат и Дика Мем со по пет гола беа најдобри кај Франција додека Хусеин Алсајад даде пет гола.
Франција во полуфиналето ќе се сретне со подобриот од натпреварот Германија – Египет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот