Шпанија славеше во Вилнус, Македонија и официјално е учесник на Европското првенство 2024
По победата на македонската женска ракометна репрезентација против Азербејџан во Баку од 37:22, во вториот натпревар од петтото квалификациско коло за пласман на Европското првенство 2024 селекцијата на Шпанија на гости славеше над Литванија со 34:20.
Препорачано
За шпанската репрезентација на дуелот во Вилнус најефикасна беше Со Делгадо Пинто со осум голови, а на спротивната страна Ракаускиене запиша девет погодоци.
Така, и математички нашата селекција го освојува второто место во квалификациската група „5“ и официјално обезбедува пласман на следниот континентален шампионат кој ќе се одржи од Австрија, Унгарија и Швајцарија од 28 ноември до 15 декември 2024 година. Македонија по седми пат ќе учествува на европските првенства.
Мечевите од последното шесто коло ќе бидат само од формален карактер, Шпанија сигурно го освојува првото место, моментно има 10 бодови, пред Македонија која има шест, а по два Литванија и Азербејџан.
Овој квалификациски циклус нашите најдобри ракометарки ќе го завршат на 7 април во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје против Литванија, а влезот е слободен за јавноста.


