Пресврт: Шпанија ги откажа обвиненијата за велепредавство против каталонскиот лидер Пуџдемон

Карлес Пуџдемон/ Фото: EPA-EFE/PATRICK SEEGER

Шпански суд се откажа од обвиненијата за бунт против поранешниот каталонски претседател Карлес Пуџдемон за неговата улога во организирањето на референдумот за независност во 2017 година, кој ја втурна Шпанија во голема политичка криза.

Судијата на Врховниот суд Пабло Ларена, исто така, ги отфрли обвиненијата за бунт против четворицата каталонски сепаратисти вклучени во немирите во 2017 година, поради измените на шпанскиот закон за бунт што стапија во сила и значат дека законот повеќе не ги опфаќа нивните наводни кривични дела.

Но, судијата не ги отфрли обвиненијата за проневера и непослушност, па на Пуџдемон и неговите соработници кои избегаа од земјава пред пет години ќе им се суди доколку се вратат, но за кривични дела за кои е пропишана помала казна.

Пуџдемон живее во Белгија, каде што е член на Европскиот парламент. Напорите на шпанската Влада тој да биде екстрадиран досега беа неуспешни и не е јасно дали промените кои судот денеска ги донесе би можеле да ги зголемат шансите белгиските власти да го вратат назад.

Шпанските пратеници минатиот месец ги одобрија контроверзните реформи за третирање на злосторствата за бунт и проневера, во потег на шпанската владејачка левичарска коалиција да ја задржи парламентарната поддршка од каталонската партија што се залага за независност и да ги намали тензиите во богатиот североисточен регион.

Девет каталонски сепаратисти се осудени на меѓу девет и 13 години затвор за нивната улога во организирањето на референдумот за независност во 2017 година. Тие беа помилувани во јули оваа година, откако поминаа три години зад решетки, но Пуџдемон не беше, бидејќи избега

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот