Шпанија најрано ќе ги отвори границите за патници во јули

Шпанија почна со олеснување на рестриктивните мерки за своите граѓани бидејќи ја стави пандемијата под контрола, но воведе двонеделен карантин за странските патници и практично ги затвори воздушните и морските граници за да избегне увоз на нови случаи од други земји.

Властите во Шпанија одлучија летната сезона да ја почнат со затворени граници, а како што велат најрано патници би можело да ја посетат земјата во јули доколкуситуацијата го дозволи тоа. Целта е да се избегне втор бран на болеста велат од Министерството за надворешни работи во Мадрид.

Копнените граници со Франција и Португалија беа затворени уште од средината на март, кога беше прогласена вонредна состојба поради пандемијата.

Шпанија почна со олеснување на рестриктивните мерки за своите граѓани бидејќи ја стави пандемијата под контрола, но воведе двонеделен карантин за странските патници и практично ги затвори воздушните и морските граници за да избегне увоз на нови случаи од други земји.

Мерките за карантин истекуваат на 24 мај, како и вонредната состојба, но и двете можат да бидат продолжени.

 

Видео на денот