Шоу на Кејн и „проектил“ на Ндомбеле! (ВИДЕО)

twitter.com/SpursOfficial

Тотенхем ја совлада Астон Вила со 3:1 по трите погодоци постигнати во вторите 45 минути, откако првото полувреме го дбија гостите од Бирмингем.

Во првото полувреме водеше Астон Вила со погодокот на МекГин уште во деветтата минута од средбата.

Пресвртот се случи во вториот дел, новото летно засилување Ндомбеле израмни во 73 минута, а за период од четири минути во самиот финиш двапати стрелаше Кејн.

Да додадеме уште дека Тотенхем ги промовираше уште двајца нови играчи, Ло Селсо и Сесењон.

Премиер лига 2019/2020

Прво коло:

Петок
Ливерпул-Норич 4:1

Сабота

Вест Хем-Манчестер сити 0:5
Борнмут-Шефилд јунајтед 1:1
Барнли-Саутемптон 3:0
Кристал Палас-Евертон 0:0
Ватфорд-Брајтон 0:3
Тотенхем-Астон Вила 3:1

Недела

Лестер-Вулверхемптон (15.00)
Њукасл-Арсенал (15.00)
Манчестер јунајтед-Челзи (17.30)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот