Шампионска „петарда“ во Лондон, ја имаме првата ВАР одлука (ВИДЕО)
Бранителот на титулата во Премиер лигата, Манчестер сити стартуваше во шампионски стил, поведе во 25 минута преку Габриел Жезус.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Сите дилеми беа решени во второто полувреме, најзаслужен за тоа беше Стерлинг кој запиша „хет-трик“, стрелајќи во 51., 75. и 91 минута, а еден погодок беше дело на Агуеро од пенал.
Стерлинг е само осмиот играч кој успеал да постигне хет-трик на отворањето на сезоната. Прв тоа го направи Дидие Дрогба во сезоната 2010/2011 како играч на Челзи.
A mighty Man of the Match display from @sterling7!
⚽️ @EASPORTSFIFA
? #mancity pic.twitter.com/vDI1nsWdEm— Manchester City (@ManCity) August 10, 2019
Од оваа сезона започна да се користи и ВАР технологијата која веќе ги имаше првите одлуки.
При 2:0, после додавањето на Стерлинг домашната мрежа ја затресе Жезус, но главниот судија ја погледна снимката и донесе одлука да го поништи погодокот поради офсајд позиција.
https://twitter.com/SwypeSports/status/1160170445502648321
Премиер лига 2019/2020
Прво коло:
Петок
Ливерпул-Норич 4:1
Сабота
Вест Хем-Манчестер сити 0:5
Борнмут-Шефилд јунајтед (16.00)
Барнли-Саутемптон (16.00)
Кристал Палас-Евертон (16.00)
Ватфорд-Брајтон (16.00)
Тотенхем-Астон Вила (18.30)
Недела
Њукасл-Арсенал (15.00)
Манчестер јунајтед-Челзи (17.30)


