Моќен старт на Ливерпул: За едно полувреме го „реши“ Норич! (ВИДЕО)

twitter.com/LFC

Ливерпул ги обезбеди првите три бода уште во првото полувреме, новата премиерлигашка сезона започна со автологот на Хенли во седмата минута.

Во 19 минута зголемување на позитивата откако Фирмино убаво го пронајде Салах кој стрелаше од непосредна близина во мрежата на Крул.

Па за 3:0 во 28 минута се погрижи Ван Дајк со глава, а овојпат египетскиот интернационалец Салах беше во улога на асистент директно од корнер.

Непосредно пред паузата исто така со глава реализираше и белгискиот фудбалер Орижи, а гостите успеаја единствено да го ублажат првиот пораз сезонава во вториот дел преку Финецот Пуки.

Единствено што вечерва го загрижи менаџерот Клоп е тоа што при 3:0 во 39 минута голманот Алисон остана на тревата, се пожали на повреда и мораше да го напушти теренот, а беше заменет од новајлијата Адриан. Останува да се види колку е сериозна повредата на бразилсчкиот чувар на мрежата на „црвените“.

Премиер лига 2019/2020

Прво коло:

Петок
Ливерпул-Норич 4:1

Сабота

Вест Хем-Манчестер сити (13.30)
Борнмут-Шефилд јунајтед (16.00)
Барнли-Саутемптон (16.00)
Кристал Палас-Евертон (16.00)
Ватфорд-Брајтон (16.00)
Тотенхем-Астон Вила (18.30)

Недела

Њукасл-Арсенал (15.00)
Манчестер јунајтед-Челзи (17.30)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот