ФОТО | Шокантно утро: Северина со нова тужба од Милан

северина
Фото: Принтскрин / Instagram

Со објава на својот инстаграм – профил Северина ја покажа новопристигнатата тужба од Милан Поповиќ.

Северина објави фотографија на која се гледа писмо кое ѝ пристигна утрово, за „убав“ почеток на денот. На него јасно се чита дека се работи за уште една тужба од нејзиниот поранешен сопруг Милан, а на листот забележливо е дека нејзиното презиме е сè уште Којиќ.

северина тужба
Фото: Принтскрин / Instagram

„Добро утро, екипа! Како ви почна денот? Моите утра започнуват со тужби! Добив уште една тужба од човек кој подигнал преку 70 тужби. Сите ќе ги објавам со време. Избезуменото спорење има своја дијагноза. Воглавно во тужбата го оправдува судијата која ми го одзеде детето. Завчера добив тужба за Инстаграм. Како ви почнува утрото вам?“, стои во описот на објавата на Северина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

Пејачката објави во неодамнешно интервју дека Милан веќе поднел многу тужби, но не само против неа туку и против нејзиниот дечко Игор Којиќ и многу од луѓето кои ја опкружуваат.

„Откако бев со Игор, избезумено подигнува тужби, против мене, Игор, таткото на Игор, моите внуки, моите пријателки, блиски соработници и адвокати, против сите луѓе околу мене и кои ми значат во животот.“, изјави Северина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

Северина раскажа како Милан го нарекува Игор „трета личност“, кој пет години беше нејзин маж и очув на нејзиното дете, а сето тоа започнало откако Милан дознал дека таа излегува со него.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот