Шокантно тврдење на докторка: Јадете само сардини три дена по ред и нема да имате седа коса!
Теоријата која привлече особено внимание е тврдењето на докторка која препорачува радикална диета, за која вели дека може да го забави појавувањето на седа коса, а која вклучува јадење само една намирница цели три дена.
Препорачано
Седата коса често се смета за неизбежен знак на стареење, но новите научни истражувања и мислењата на експертите укажуваат на тоа дека исхраната може да има значително влијание врз појавата на белите влакна.
Доктор Анет Босворт изнела смело тврдење во поткастот „Дневникот на еден извршен директор“ (The Diary of a CEO), дека јадењето само сардини од конзерва во текот на три дена може да помогне во спречувањето на седата коса.
– Видов пациенти чија седа коса се повлекла, а во исто време им се подобриле перформансите на мозокот, концентрацијата и енергијата – рекла таа, објави британски „Мирор“.
Според нејзините зборови, оваа диета потикнува кетоза, состојба во која телото наместо јаглехидратите ја користи маста како примарен извор на гориво, што носи бројни придобивки за организмот.
Меѓутоа, дали рибата од конзерва навистина може да влијае на бојата на вашата коса? Дерматологот Џен Лиу објаснила за „Вумен“ дека намирниците како лосос и сардини поттикнуваат здрав раст на косата и потенцијално го одложуваат побелувањето.
Таа истакнува дека сардините содржат многу омега-3 масни киселини и селен, додека остригите нудат високо ниво на цинк, за кои таа тврди дека се корисни за здравјето на косата и скалпот.
Што велат научните истражувања?
Научните студии, исто така, покажуваат дека исхраната може да влијае на пигментацијата на косата. Според „Хелтлајн“, истражувањата откриле дека недостатоците на витамин Б12, витамин Д и железо, хранливи материи што се наоѓаат во мрсната риба, се поврзани со предвремено белеење на косата. Сардините, исто така, обезбедуваат омега-3 масни киселини, за кои многу нутриционисти сугерираат дека помагаат во одржувањето на здрави фоликули на косата со намалување на воспаленијата и зајакнување на скалпот, односно на влакната.
Самата диета, позната како „пост на сардини“, не е сосема нова. Прв ја претставил Фредерик Хатфилд во 2012 година, откако станал првиот човек што кренал повеќе од 460 килограми во натпреварот во клекнувања. Денес ја промовира д-р Босворт, кој тврди дека овој режим на риба го ресетира метаболизмот.
Предупредувања од експерти и реални причини
И покрај потенцијалните придобивки, д-р Лиу нагласува дека генетиката останува примарен фактор за појава на седата коса. Со возраста, активноста на матичните клетки на меланоцитот, кои произведуваат пигмент, природно се намалува, што значи дека самата исхрана не може целосно да го запре овој процес. Сепак, стратешкиот избор на намирници може да помогне во одложувањето на предвременото побелување на косата, особено ако се коригираат постоечките недостатоци на хранливи материи.
Од друга страна, експертите од „Менс хелт“ предупредуваат на ризиците од таква рестриктивна диета. Сардините не содржат влакна, сложени јаглехидрати и некои клучни витамини, па затоа може да се очекуваат проблеми со варењето, намалено ниво на енергија и ослабена когнитивна функција.
Иако сардините се полни со хранливи материи здрави за косата и можат да бидат вкусен начин за зајакнување на фоликулите, потпирањето само на нив не е долготрајно решение. Стратешка диета може да помогне во одложувањето на појавата на седа коса, но избалансираниот пристап и понатаму останува основа на целокупното здравје, вклучително и здравјето на косата.


