Фото: EPA-EFE/TANNEN MAURY/ Профимедиа

Шокантен пресврт во случајот со Р. Кели, жртвата му напишала на судијата: Ние сме свршени!

Американскиот музичар Р. Кели (55) и Џојселин Севиџ (26), една од неговите наводни жртви, се свршиле, се гледа од судските документи до кои дошол „Њујорк пост“.

Севиџ во писмото што го испратила до федералниот судија,  го нарекувала Роберт Кели свој свршеник, барајќи тој да добие поблага казна за долгогодишната сексуална злоупотреба на жени и малолетни девојчиња и момчиња.

Фото: Профимедиа

„Ова писмо го пишувам за поддршка на Роберт пред изрекувањето на пресудата, сакам да му објаснам на судот дека не сум јас жртвата каква што ме претставија. Р. Кели е неверојатна личност, а не чудовиште. Ние сме многу вљубени и срцето ми се кине поради оваа измислена приказна во која јас сум жртва. Јас сум возрасна жена и можам да зборувам за себе, затоа сакав судот да го добие ова писмо. Роберт е прекрасен човек, има големо срце и заслужува да биде дома со своите најблиски кои се подготвени да го поддржат“, напиша Џојселин.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 106 KMEL | #106KMEL (@106kmel)


Писмотот на свршеницата е испратено до судот на 13 јуни, а Р. Кели кон крајот на јуни беше осуден на 30 години затвор.

ЗАВЕДУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКИ: Откриен нов скандал од минатото на скандалозниот пејач

Поранешната сопруга на Р.Кели: Се плашам за децата, и негова крв тече во нивните вени

Р.Кели обвинет за сексуално злоставување на малолетно момче и принудувал жени

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот