Шокантен пресврт: Овој европски град станува престолнина на светската елита наместо Дубаи
До пред еден месец, Дубаи беше избор број еден за богатите во потрага по нов дом. Денес, еден европски главен град се стреми да го преземе тој примат.
Препорачано
Малку градови нудат можност да се заработат големи пари без данок и да се трошат во безброј луксузни хотели, ресторани и продавници. Меѓутоа, откако Обединетите Арапски Емирати се најдоа под нападите на иранските ракетни, репутацијата на Дубаи како засолниште на светската елита, која во добар дел е изградена и благодарение на инфлуенсерите доселеници коишто таму поитаа, почна да слабее, пишува „Гардијан“.
Супербогатите сега повторно се насочени кон Европа, а Милано, финансискиот центар на Италија, се искачи на врвот на листата на најпосакувани дестинации.
– Италија нуди најдобри услови, паушален данок и висок квалитет на живот. Луѓето кои ги напуштаат ОАЕ лесно можат да се замислат себеси како живеат во Рим или Милано, големи меѓународни и урбани центри – рекол Арманд Артон, консултант кој им помага на мултимилионери и милијардери да се преселат преку програмите за државјанство за инвеститори.
Не е тешко да се сфати зошто Милано, кој веќе е дом на некои од најбогатите европски банкари, адвокати и инвеститори, стана толку привлечен. Според италијанскиот систем на паушално оданочување, странските жители можат да плаќаат 300.000 евра годишно за целиот приход од странство, што е занемарлив износ за најбогатите.
– Отсекогаш сме биле меѓународен град, но ова е, сепак, промена – рекла Дилета Џорџоло, директорка на канцеларијата за станбени недвижности на „Сотбис“ во италијанската економска и модна престолнина.
– Нашиот посебен даночен режим е во сила од 2017 година, но кога Велика Британија го укина статусот на нерезидент, доживеавме бран нови купувачи кои почнаа да доаѓаат во Милано. Сега, додека новиот бран богати доселеници се свртуваат кон овој град, се поставува прашањето дали Милано може да стане новиот центар на ултрабогатите – се прашува таа.
Даночното олеснување што го испразни Лондон
Конфликтите на Блискиот Исток веќе предизвикаа заминување на богатите британски државјани, иако не сите од нив сакаат да се вратат дома. За многу Европејци, Италија е најпрактичниот избор. Новите италијански резиденти кои не плаќале данок во земјата најмалку девет од последните 10 години не мора да плаќаат данок на приход од странство, со годишна паушална стапка од 300.000 евра. Приходите остварени во Италија се оданочуваат според редовните правила, како и капиталните добивки од инвестициите во рок од пет години од влегувањето во системот.
Марк Ахесон од „Утмост велт солушнс“ врекол дека привлечноста на Италија се зголемила бидејќи Велика Британија станала помалку атрактивна за супербогатите. Во Милано, дури се зборува и за италијанското правило кое некои го нарекуваат „испразни го Лондон“.
– Иако Италија воведе паушален данок уште во 2017 година, тогаш во износот од 100.000 евра, тоа не привлече веднаш голем број луѓе. Укинувањето на британскиот статус на нерезидент навистина го поттикна интересот, и тоа во моменто кога и Португалија исто така ги заостри своите правила. Системот е едноставен и на луѓето им се допаѓа. Италија е прекрасна земја, а Милано има силен финансиски сектор – многу од она што го правеше Лондон привлечен сега го нуди и Милано – рекол тој.
Роберто Бономи, партнер во адвокатската канцеларија „Витерс“, додал дека Италија во меѓувреме го изгубила својот углед како политички нестабилна земја. Иако премиерот Џорџо Мелони, на власт од 2022 година, првично бил перцепиран како политички радикален, се чини дека таа го ублажила својот пристап.
– На почетокот имаше скептицизам. Но, по речиси една деценија, покажавме дека станува збор за стабилен систем. Клиентите повеќе не се плашат од Италија, а неодамнешните настани покажуваат дека несигурноста постои насекаде – рекол Бономи.


