ШОК од Токио: Олимписките игри се откажуваат во последен момент?!

Фото: EPA-EFE/KIMIMASA MAYAMA

Олимписките игри само што не почнаа, но коронавирусот им прави огромни проблеми на организаторот. Поради тоа претседателот на организацискиот комитет на Игрите во Токио изјави дека сè уште постои можност Игрите да се откажат во последен момент.

Во последните 24 часа се регистрирани нови 10 позитивни случаи на коронавирусот, со што бројката на заболени директно поврзани со Олимписките игри се зголеми на 71.
Организаторот поради тоа се наоѓа во се поголеми проблеми поради коронавирусот и постојано се соочуваат со нови предизвици во организацијата.

Кога на прес-конференцијата првиот човек на организацискиот одбор Тоширо Муто, беше запрашан дали е можно да дојде до одложување во последен момент, тој изјави дека се води сметка за бројот на заболеми од коронавирус и дека секојдневно разговара со организаторот.
– Не можеме да предвидиме што ќе се случи со бројот на заразени, така што ќе продолжие да разговараме доколку се случи неочекуван пораст на бројот на заболени. Се договоривме дека ќе постојано ќе разговараме околу позитивните случаи на коронавирус. Моменто бројките можат да се зголемат или намалат, така што ќе ја разгледуваме ситуацијата кога ќе се има потреба – изјави Муто.

Јапонските медиуми објавуваат дека во последните денови борјот на заразени од Ковид-19 во Токио е во пораст, а локалното населениот е огромен противник на одржување на Игрите и бараат повторно одложување на истите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот