Шкупи ангажираше бразилски голман (ФОТО)

facebook.com/ShkupiFC/

Тимот на Шкупи се подготвува за првиот натпревар в четврток (15.30 ч.) против Пјуник во првото квалификациско коло на Лига Европа и ќе се обиде да извлече позитивен резултат пред реваншот во Скопје.

Формата се темпираше и со одигрување на неколку пријателски натпревари каде што беше забележан еден солиден учинок на резултати.

fcshkupi.com

Освен тоа, тренерот Умит Каран се соочи со повреди кај дел од играчите, еден од нив е голманот Енез Азизи, што го „алармираше“ клубот да пронајде нов чувар на мрежата за следните предизвици.

Во тоа чаирчани и успеаја, односно го ангажираа Тулио Клер Де Фреитас (23) кој доаѓа од Бразил. Три дена веќе тренира со клубот и тој одлучи да потпише договор на една година.

Претходно Тулио настапуваше за Бетиненсе од 2014 година, потоа беше дел од Ипатинг и лани во дресот на Насионал. Сега Шкупи има двајца Бразилци, на крилната позиција игра Серџо Антонио де Луиз Жуниор.

– Се чувствувам многу добро и мотивиран за новото искуство кое ќе го имам. Многу добро сум прифатен од екипата, стручниот штаб, тренерите. Без сомнение ќе го дадам максимумот да му помогнам на клубот во сите предизвици кои што се пред нас – вели Тулио за клупскиот сајт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот