Шкупи не го положи романскиот тест – Слободен печат
СпортФудбал

Шкупи не го положи романскиот тест

Шкупи денеска го имаше последниот пријателски натпревар во турскиот Болу, поразен од романската екипа на Политехника со резултат 1:3.

Тимот од Чаир се подготвува за квалификацискиот двомеч против Пјуник во Лига Европа, на 11 јули е првата пресметка во Ерменија.

Претходно чаирчани предводени од тренерот Умит Каран на тест средбите триумфираа против босанскиот Челик (1:0), а ремизираа со украинскиот Мариупол (2:2).

После првото полувреме на денешната средба беше 1:1, во 15 минути поведоа Романците преку Балан. Но, радоста на противниците траеше само две минути, за израмнување се погрижи Георгиевски после една акција со Бајрами и Гвидиаби.

Шкупи изврши притисок во натамошниот период, имаше шанса и да поведе, во 37 минута беше досуден пенал, но не беше реализиран од страна на капитенот Бајрами, кој до сега воглавно не знаеше да згреши од оваа позиција.

Тренерот Каран во второто полувреме направи промени во формацијата, а тоа го искористија ривалите на најдобар можен начин. Политехника постигна уште два гола, најпрвин стрелаше Данале во 54 минута, а по вторпат во листата на стрелците се запиша Балан од белата точка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close