Шкотските националисти освоија мнозинство во Парламентот

Според резултатите што се уште не се конечни, Шкотската национална партија (СНП) и Шкотската зелена партија, кои ветија референдум за независност, доколку победат, освоија 65 од  87 места за кои досега се пребројани гласовите на изборите за парламент со вкупно 129 места.

Шкотските партии за независност освоија мнозинство места во шкотскиот Парламент на изборите, со што им се дава можност да го покренат прашањето за втор референдум за напуштање на Велика Британија.

Според резултатите што се уште не се конечни, Шкотската национална партија (СНП) и Шкотската зелена партија, кои ветија референдум за независност, доколку победат, освоија 65 од  87 места за кои досега се пребројани гласовите на изборите за парламент со вкупно 129 места.

На референдумот во Шкотска се спротивставува британскиот премиер Борис Џонсон, кој рече дека ќе одбие какво било ново гласање затоа што Шкотите го поддржаа останувањето во Велика Британија во 2014 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот