Шкендија во Азербејџан без Алими поради Ковид-19

фото: kfshkendija.com

В среда тетовскиот клуб ќе отпатува за Азербејџан каде што в четврток (27 август) со почеток од 18.00 часот ќе го игра натпреварот од првото квалификациско коло на Лига Европа против Сумгајит.

Се очекува еден неизвесен натпревар на стадионот „Капитал Банк Арена“ за пласман во следната рунда, а според светските обложувалници Шкендија има нешто поголеми шанси за победа.

Како што информираат официјално од клубот, за овој европски меч тренерот Ернест Ѓока нема да може да смета на услугите на Арменд Алими кој е позитивен на Ковид-19.

Фудбалерот е асимптоматски, се наоѓа во добра здравствена состојба и е изолиран во својот дом.

Шкендија на последниот првенствен дуел триумфираше на теренот на Македонија ЃП со 0:1, стрелец на единствениот гол беше Бесарт Ибраими во 86 минута од средбата.

Одиме во Азербејџан со мотивација и доверба да ја поминеме рундата. Секако, во ниеден момент не тврдиме дека ќе биде лесна задачата. Мислам дека имаме квалитет да одиграме на потребното ниво и оствариме добар резултат – се зборовите на Ибраими за клупскиот сајт на ФК Шкендија.

Видео на денот