Шкендија убедлива над Борец, Алтипармаковски за триумф на Брегалница

Еден гол на Дориев и два на Гури за триумф на Шкендија во 1МФЛ/Тетово, Македонија/2 октомври 2021/Фото: instagram.com/fcshkendija/

Вкупно пет натпревари беа на програмата од деветтото коло денеска во Првата македонска фудбалска лига, најубедлива беше Шкендија која со 3:0 го совлада Борец.

Тетовските „црвено-црните“ го обезбедија третиот триумф сезонава уште во првото полувреме, два гола беа дело на Гури (еден од пенал), а еден запиша Дориев во петтата минута од средбата.

Мируваа мрежите на мечот Пелистер – Тиквеш, а штипска Брегалница со погодокот на Алтипармаковски во петтата минута го совлада составот на Струга Трим Лум.

Не беа расположени стрелците ниту на дуелот Скопје – Академија Пандев, а немаше победник и на пресметката Македонија ЃП – Ренова (1:1).

Во 36 минута Серафимовски стрелаше за водство на „гипсарите“, а ѓорчепетровци израмија во 87 минута од пенал кој го реализираше Адем.

Рундата ќе биде комплетирана в недела со последниот шести меч помеѓу Шкупи и Работнички (15.00 часот).

На табелата води Ренова со 18 бдовои, 17 има Шкупи, по 15 Академија Пандев и Работнички, Шкендија 14, по 13 Струга Трим Лум и Брегалница, 10 Македонија ЃП, девет Скопје, Борец седум, претпоследен е Тиквеш со шест, а на дното Пелистер со четири единствен без триумф.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот