Фото: Слободен печат/Слободан Ѓуриќ

Шкендија со триумф над Дрита ќе ги зголеми шансите за пласман во нокаут фазата на Конференциската лига

Денеска во Приштина, Косово, фудбалерите на Шкендија ќе го играат својот четврти натпревар оваа сезона во Конференциската лига, а противник им е тимот на Дрита.

Мечот ќе се игра на стадионот „Фадил Вокри“ во Приштина со почеток од 21.00 часот, а главен судија е Микел Редер од Данска.

Играчите предводени од тренерот Јетон Беќири имаат учинок од една победа против ирскиот Шелбурн (1:0), реми со полската Јагелонија (1:1) и пораз од шпанскиот Рајо Ваљекано (2:0).

Моментно тетовските „црвено-црни“ се на 21 позиција со четири бодови и со евентуален триумф над Дрита ќе ги зголемат своите шанси за пласман во нокаут-фазата.

– Ќе биде празничен натпревар, ќе биде вистински спектакл и на трибините и на теренот. Уверен сум дека и тимот на Дрита и нашиот тим се подготвени да го дадат својот максимум. Тоа е натпревар од особено значење, бидејќи се среќаваме во европски натпреварувања, поточно во Конференциската лига. Верувам дека тимот е подготвен да го даде својот максимум, почитувајќи го тимот на Дрита максимално. Се надеваме дека со давање на нашиот максимум и постигнување на нашите најдобри перформанси, се надеваме дека ќе дојдеме до позитивен резултат, а позитивен резултат за нас е победа – рече тренерот на актуелниот македонски шампион, Беќири, пред денешниот дуел со Дрита.

Добри вести за Беќири е што голманот Бабукар Гаје се опорави и ќе биде подготвен за настап, како и напаѓачот Фабрис Тамба и дефанзивците Клисман Цаке и Имран Фетаи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот