Фото: TopFoto / Topfoto / Profimedia / Instagram / bruunrasmussen

Шише шампањ од свадбата на принцезата Дијана и принцот Чарлс оди на аукција, се очекува да достигне цена до 80.000 евра

Големо шише шампањ „Дом Перињон“, таканаречен „Магнум“ од 1961 година, кое требало да се послужи на свадбата на принцезата Дијана и принцот Чарлс, со проценета вредност помеѓу 67.000 и 80.000 евра, ќе биде понудено на аукција во Данска на 11 декември, пренесуваат странските медиуми.

– Ова е уникатно и многу посебно откритие. Постојат само 12 такви „Магнуми“, а ова шише е едно од нив – рекол раководителот на винаријата во Брун Расмусен, Томас Розендал Андерсен, презентирајќи го ова ретко шише шампањ.

Според него, шишето, кое моментално се чува во приватна визба за алкохол, би можело да привлече и љубители на вино и колекционери кои бараат кралски спомени.

– Купувачот би можел да биде класичен колекционер на вино кој би уживал додавајќи го ова шише во својата колекција, но и колекционер на кралски предмети поврзани со Леди Дијана – рекол Розендал Андерсен.

Според него, за овој тип ретки шишиња со пијалаци се спроведуваат неколку тестови, вклучително и палење на шишето за да се провери дали содржината има убава, бистра боја.

– Сегашниот сопственик на „Магнум“, колекционер кој сака да остане анонимен, го купил ова шише од лондонски дилер. На аукција во 2008 година, американската аукциска куќа „Херитиџ аукшнс“ го продала овој „Магнум“ за околу 12.000 долари. Ова шише ќе биде понудено повторно на аукција што ќе се одржи на 11 декември во Конгенс Лингби, предградие на Копенхаген – додал Розендал Андерсен.

Овој шампањ, берба од 1961 година, годината на раѓање на Дијана, бил етикетиран за нејзината свадба со принцот Чарлс, која се одржала на 29 јули 1981 година.

Се проценува дека овој „Дом Перињон“ ќе достигне цена помеѓу 500.000 и 600.000 круни (помеѓу 67.000 и 80.000 евра) на аукцијата.

– Шампањот е апсолутно питок. Сите шишиња вино што ги продаваме на аукција се тестираат и анализираат однапред – заклучил тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот