Фото: илустрација / Јутјуб / скриншот

Шестгодишно дете на електричен тротинет се судрило со нерегистриран мотор во Битолско

Шестгодишно дете од битолското село Добрушево е повредено додека возело електричен тротинет, кога го удрил возрасен човек на мотор, кој не бил регистриран, ја пренесе „СДК.мк“ информацијата од СВР Битола.

Возач на моторот бил Х. Т. (30) од истото село, кој е уапсен бидејќи немал ниту возачка дозвола. Тој исто така се повредил во судирот.

На јавната дебата во Битола, одржана по повод Меѓународниот ден на културата во сообраќајот, претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот патиштата, Горан Ангеловски, напомена дека електричните тротинети не се играчки за деца. Тој апелираше до родителите да ги сфатат како возила што учествуваат во сообраќајот со сите ризици во него.

На територијата на Македонија во 2025 година се случиле 147 сообраќајни незгоди во кои учествувале електрични тротинети. Една од незгодите завршила фатално со жртва, 32 лица се здобиле со тешки повреди, 112 со лесни телесни повреди и две сообраќајни незгоди се со причинета материјална штета. Дури 12 вакви несреќи се евидентирани во првото тримесечие на оваа година. Во Македонија, возрасната граница за возење електричен тротинет е 14 години, но по улиците се гледаат и помали деца како ги возат, а скоро никогаш не носат заштитна опрема, пишува „СДК.мк“.

ВИДЕО | Возач на „Мерцедес“ прегази осумгодишно дете во Драчево

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот