Шест нови рекорди на меѓународниот пливачки митинг „Скопје опен“ – Слободен печат
ОстанатoСпорт

Шест нови рекорди на меѓународниот пливачки митинг „Скопје опен“

Миа Крстевска постави еден апсолутен рекорд, а Блажевска Еминова два нови младински и кадетски рекорди.

На меѓународниот пливачки митинг „Скопје опен 19″ во организација на ПК Скопје од Скопје поставени се шест нови Национални рекорди во повеќе категории од пливачките на ПВК Орион од Скопје.

Миа Крстевска на базенот „Борис Трајковски“ постави нов апсолутен рекорд на Македонија во дисциплината 100 метри грбно со време 1:03:36 мин.

Миа Блажевска Еминова Блажевска Еминова постави нов младински и кадетски рекорд на Македонија во дисциплината 100 метри слободно со време 56:79 секунди.

Исто така, Блажевска Еминова и во дисциплината 100м мешано постави нов апсолутен, младински и кадетски рекорд на Македонија со време 1:04:15.

Официјалните резултати од пливачкиот митинг можете да ги погледнете ТУКА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close