Шерон Стоун на филмскиот фестивал во Таормина / Фото: D'Avanzo Maurizio/IPA/ABACA / Abaca Press / Profimedia

ВИДЕО | Шерон Стоун одбива да робува на трендовите и старее природно: „Треба ли да се плашиме кога ќе се погледнеме во огледало“

Американската актерка Шерон Стоун ги охрабри жените да се чувствуваат удобно во својата кожа и да не се плашат од стареењето. Таа се осврна и на стандардите за убавина што општеството ни ги наметнува.

„Зошто во 2026 година сè уште се плашиме од стареење и од тоа да бидеме свои? Ние сме повеќе од изгледот. Многу повеќе … Ние сме уметници, мајки, сестри, сопруги, медицински сестри, учителки … Листата нема крај!“, напиша таа во описот на видеото.

Додаде дека пред неколку недели се изнервирала кога снимателската екипа побарала од кадар да се тргне слика наречена „Божица“, на која има гола жена.

„Се плашиме од голотија на екраните, од нашите тела, во нашиот дом, ама не и од насилство или од сè друго со што нè бомбардираат секој ден? Ајде малку реално!“, напиша таа.

Во видеото праша дали треба да бидеме преплашени кога ќе се погледнеме во огледало и продолжи:

„Зошто би се плашеле од тоа што сме луѓе? Тоа ми е најчудната работа на светот“.

Своето тело го опиша како стан во кој живее.

Многумина во коментарите на Инстаграм ја пофалија што, за разлика од многу други познати личности, одбива да се покорува на стандардите за убавина.

„Секоја чест“, „Нема ништо лошо во тоа да се чувствуваме убаво во своја кожа“, „Вака зборуваат вистински ѕвезди“, „Види до каде стигна затоа што веруваш во себе“, „Фала ти што ни го отвори патот на сите нас“, беа дел од коментарите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот