8 C
Скопје

Шанса за македонските клубови, одредени условите за пријавување во Еврокупот

ФИБА со писмо за пријава на екипите во три натпреварувања, комплетната документација ќе треба да се предаде до 20 јули.

Клубовите со највисок рејтинг во македонската клупска кошарка (во двете конкуренции) добиваат уште една можност за настап надвор од границите на нашата земја во наредната натпреварувачка сезона 2020/2021.

Канцеларијата на ФИБА-Европа испрати циркуларно писмо за пријава на клубови за трите преостанати натпреварувања во организација на Светската кошаркарска федерација. Односно ФИБА Еврокуп, Лига на Шампиони-жени и Еврокуп-жени.

Заинтересираните екипи ќе треба да ја предадат комплетната документација за пријава до 20. јули, а најдоцна до 27. јули да испратат и финансиски гаранции во висина од 10.000 евра на сметката на ФИБА.

Во писмото се вели дека во зависност од бројот на пријавените клубови, подоцна ќе биде утврдено дали во натпреварувањето ќе има квалификациски дел, или пак натпреварите ќе се одвиваат во групна фаза.

Прочитајте и...  Терасата на Ѓоковиќ е поголема од мојата соба, но тој барем не молчи како Надал!

Условно, ждрепката за овие три натпреварувања е закажана за 17.август. Првото (елиминациско) коло би се играло на 23, односно 24. септември, а сезоната би траела најдоцна до 28.април, 2021 година.

Секако под услов да се обезбедат услови за реализација на планираните активности кои поради пандемијата предизвикана од коронавирусот беа прекинати уште во текот на март.

Во случај да не постојат услови за почеток на натпреварувањата, истите автоматски ќе бидат презакажани за јануари, 2021 година, во редуциран (скратен) систем за натпреварување кој ќе го одреди Натпреварувачката комисија на ФИБА.

Поврзани вести

Кралски куп: Димитриевски против Меси, Барди го доби Ваљадолид

Слободен печат

ВИДЕО: МЗТ Скопје Аеродром непријатно изненаден во Бања Лука!

Слободен печат

Тренерот на Реал, Зинедин Зидан позитивен на ковид-19

Слободен печат

Терасата на Ѓоковиќ е поголема од мојата соба, но тој барем не молчи како Надал!

Слободен печат

Сејдини до Мојсовски: Треба да се срамиме од начинот на кој постапуваат одредени наши институции!

Слободен печат

ФОТО: Што се случува со „црвените“, голманот Дмитровиќ има повеќе голови од Ливерпул!

Слободен печат

Остави Коментар