Шаклев: Треба да делуваме брзо да се организира извозот на македонското јагне
Доколку на време се обезбедат услови за пласман во Италија извозот на македонското јагне нема да биде доведен во прашање.
Претседателот на Асоцијацијата на земјоделци, Ефтим Шаклев, вели дека во моментов и покрај кризата со корона вирусот воопшто не намален интересот за увоз на македонско јагне од италијанска страна, но, треба добро да се проанализираат условите како тоа ќе се спроведе зашто, веројатно, трошоците за пласман ќе се зголемат.
Препорачано
– Најголеми количини извезуваме во Италија. Во овој момент, не е проблем да се најдат трговци, туку транспортери зашто никој не сака да се нафати да вози за Италија, ќе треба потоа да оди во карантин. Но, ако се земат предвид најновите владини мерки кои се однесуваат и на возачите на камиони и ако се воведе тој посебен режим за нив, работата би се олеснила. Како и да е, ова мора итно да се реши. Извозот веќе интензивно требаше да почне, зашто остануваат уште 10 до 15 дена до извозниот шпиц – истакнува Шаклев.
Во просек, земјава секоја година извезува по околу 200.000 јагниња годишно за Италија. Втори, но далеку помали пазари се Хрватска и Грција. Вообичаено шпицот на пласманот е пред или за време на велигденските празници.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
1час
-
8час
-
8час
-
9час
-
9час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


