Шаќири најави дека ќе побара одговорност ако доцни изработката на наставните програми за седмо одделение

Фото: МИА

Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири најави дека ако Бирото за развој на образованието (БРО) не го почитува рокот за подготовка на наставните програми за седмо одделение, согласно новата Концепција, ќе побара одговорост.

Оваа учебна година дадов краен рок – крајот на ноември. Ако програмите не стигнат дотогаш, ќе побарам одговорност, изјави Шаќири, додавајќи дека со овој рок ќе има осум месеци период за изработка и печатење, за корекција и ревизија на сите учебници.

Во врска со испораката на учебниците за шесто одделение, која доцнеше поради тоа што доцна биле готови наставните програми (март оваа година), Шаќири изјави дека таа деновиве е завршена во поголемиот дел од основните училишта во Скопје и во другите градови.

Ако во одредено училиште нема сѐ уште, ќе побарам од моите служби и од Педагошката служба денеска да анализираат каде нема, иако не зборуваме за поголем дел училишта. Сите учебници одобрени од Националната комисија за учебници се испечатени и се во достава, рече Шаќири, одговарајќи на новинарско прашање по отворањето на Саемот на студии во Франција.

Очекува дека процесите што зависат од БРО ќе бидат навремени затоа што Бирото има и нов директор.

-Во Бирото имаме нов директор, не е тој што беше претходната учебна година. За разлика од лани, оваа учебна година немаше доцнење на свидетелствата, а и наставните програми за трето беа доставени навреме и учебниците не доцнеа, додаде министерот за образование и наука.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот