Шахпаска: Законот за недела неработен ден ќе придонесе за добробит на работниците

Парламентот го изгласа законот за недела неработен ден, но и на самиот старт овој закон наиде на спротивставување кај дел од работодавачите затоа што ќе имаат непредвидени трошоци. Опозицијата, пак, смета дека ќе има манипулации со вработените.

-Се радувам што конечно по една година разговори со сите засегнати страни донесовме законско решение со кое ги унапредуваме работнчките права. Дури 92 отсто вработени нема да работат во недела. Исклучоци има во 41 област кои се од суштинска важност за да функционира државата нормално. Рабтниците кои ќе бидат ангажирани во недела ќе добиваат 50 отсто поголема дневница. Работниците се наш капитал и треба да ги унапредуваме. Треба да имаат баланс меѓу приватниот и работниот живот. Законот ги помина сите филтри што ги засега овој закон, вели Јагода Шахпаска, министерката за труд и социјална политика, за Утрински брифинг.

Таа вели дека при изработка на законот се користеле позитивните искуства од другите земји.

-Единствно исклучок се прави во Законот за трговија за моловите. Ќе работат и зелените пазари. Ние тргнавме со 31 исклучок, а со дијалог дојдовме до 41 исклучок за процеси кои се суштински и ако не се работи во недела ќе се наруши процесот на производство. Со тоа што работат моловите, работниците ќе добиваат 100 отсто поголема дневница, а во Буџетот ќе се слеваат 2 отсто повеќе даноци што ќе се користат за изградба на градинки, вели Шахпаска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот