Шахпаска-Дуџак: Засилена соработка со ООН на полето на социјалните политики

 Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска оствари средба со постојаната координаторка на Обединетите нации во земјава Росана Дуџак, со која разговараа за тековните проекти во кои ресорното министерството соработува со агенциите на ООН.

Шахпаска и Дуџак, како што информира Министерство за труд и социјална политика,  разговараа и за идната соработка во насока на имплементирање на уште подобри социјални политики, унапредување на работничките права и залагање за поголема заштита на човековите права.

Во поглед на досегашната соработка, како што се наведува, беше посочено дека дел од процесот за подготовка на новиот закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство е поддржан од УНХЦР, а УНДП заедно со секторот за еднакви можности работи на развивање на мобилната апликација за поддршка на жртвите на родово базирано насилство, по примерот на Црна Гора.

Денес немаме повеќе деца на возраст до 18 години сместени во институции. Тие се згрижени во мали групни домови или згрижувачки семејства. Секој граѓанин заслужува да има достојни услови за живот. Педесет отсто од лицата со посебни потреби се влезени во процесот на деинституализацијата, целта е добивање на можност за нивно подобро интегрирање во заедницата. Во таа насока е и соработката помеѓу секторот социјална заштита со УНДП и УНИЦЕФ, истакна Шахпаска.

На средбата, Шахпаска посочи дека ако изминатиот период акцентот беше на социјалната реформа и нејзина имплементација, периодот кој следува ќе биде за новиот Закон за работни односи кој треба да придонесе за унапредување на работничките права.

Шахпаска изрази благодарност за помошта во текот на ковид кризата, од страна на УНДП, УНФПА, UN Women, за дистибуираните хигиенски пакети и пакети за храна за ранливи категории на граѓани и за самохрани мајки, жртви на семејно насилство.

– Двете страни изразија задоволство за можноста за понатамошна продлабочена соработка со агенциите на ООН во областите кои се во надлежност на ова министерство, се вели во соопштението од МТСП. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот