Сезона на грип во САД: Најмалку 105 деца починати, над 29 милиони инфицирани

Ова е „необична” сезона на грип со поголем процент на деца и млади заболени отколку постарата популација, тврди д-р Вилијам Шафнер.

Најмалку 105 деца починаа од грип во оваа сезона, покажуваат податоците објавени од страна на американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ). Тоа е најголем број на смртни случаи кај деца од грип во овој момент во сезоната откако ЦДЦ почна да води евиденција во 2004 година, освен за пандемијата на грип во 2009 година.

– Ова е „необична” сезона на грип со поголем процент на деца и млади заболени отколку постарата популација, тврди д-р Вилијам Шафнер, специјалист за заразни болести во Медицинскиот центар „Вандербилт” во изјава за Си-Ен-Ен.

Според него, претходната преваленца на грип Б – вид на грип што има тенденција да биде почест кај децата – би можела да биде причина зошто се засегнати повеќе деца.

– Исто така, како што се намали бројот на заболени од грип Б, се зголеми бројот на заболени од Х1Н1, рече тој. Х1Н1 е подтип на вирусот на грип А, кој исто така влијае на децата повеќе од возрасните.

– Ова е прв пат во 25 години кога (грип Б) стана толку честа појава толку рано, рече д-р Бади Креч, вонреден професор по детски инфективни заболувања во Медицинскиот центар Вандербилт.

Ниту Шафнер, ниту Крејк не знаат зошто годинашниот временски распоред на грип е толку различен.

– Тоа ги остава збунети сите вирусолози, рече Шафнер.

Според податоците, од грипот починале 9 деца на возраст од пет месеци или помали, 19 на возраст од 6-23 месеци, 21 дете на возраст од 2-4 години, 31 на возраст од 5-11 и 25 деца на возраст од 12-17 години.

Властите објавија за најмалку 16.000 починати од грип меѓу 1 октомври и 15 февруари и заразени меѓу 29 милиони и 41 милион. Вирусот е проширен во 43 држави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот