Серија удари во ѕид: Алонсо „леташе“ со 300 километри на час (ВИДЕО) – Слободен печат
ОстанатoСпорт

Серија удари во ѕид: Алонсо „леташе“ со 300 километри на час (ВИДЕО)

Поранешниот двократен Формула 1 шампион на светот, Фернандо Алонсо имаше инцидент во текот на тренингот пред легендарната трка Инди 500.

Алонсо во Индикар вози за екипата на Мекларен, за чиј тим своевремено настапуваше и во Ф1.

Во текот на првиот тренинг комплетираше 50 кругови, па му се појавија проблеми со електрониката и мораше да се повлече.

На вториот тренинг Алонсо возеше 46 кругови во текот на 90 минути акција, но во еден момент додека возеше зад Рејел на третата кривина и загуби контрола над возилото.

Па се префрли на другата страна од патеката и удри во ѕид, пред да се врати на истата за нов удар овојпат во заштитната ограда. Трет удар во ѕидот Алонсо имаше и во четвртата кривина, пред да запре во претпоследната.

Тој не одговорил веднаш на радио пораката на својот тим, што доведе до загриженост, но помина во најдобар ред, па веднаш го напушти оштетеното возило.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close