Серија трагедии во „Дизни Ворлд“ – три смртни случаи за помалку од две недели
Најновата несреќа се случила во хотелот „Контемпорари ризорт“, кој се наоѓа во рамките на Дизни Ворлд, близу Орландо, Флорида. Од округот Оринџ потврдија дека маж го загубил животот, без да откријат точна причина или време на смртта.
Тројца загинати во „Волт Дизни Ворлд“ во рок од помалку од две недели, во серија трагедии што ја нарушија сликата за „најмагичното место на Земјата“, пренесува „Њујорк пост“.
Препорачано
Најновата несреќа се случила во хотелот „Контемпорари ризорт“, кој се наоѓа во рамките на Дизни Ворлд, близу Орландо, Флорида. Од округот Оринџ потврдија дека маж го загубил животот, без да откријат точна причина или време на смртта.
Фотографии објавени на социјалните мрежи прикажуваат полициска лента и присуство на голем број припадници на полицијата во дворот на хотелот. Еден гостин напишал на Фејсбук дека не е јасно дали лицето скокнало намерно или паднало случајно од еден од прозорците на зградата висока 14 ката.
Истото место било сцена на уште една трагедија минатата недела, кога посетител на тематскиот парк скокнал од платформата за набљудување.
Пред тоа, 31-годишна жена од Чикаго, која била на меден месец во Дизни Ворлд, извршила самоубиство пред шокираните гости.
„Њујорк пост“ додава дека во вторникот имало и друг инцидент — маж на возраст од 60 години се срушил и подоцна починал во болница.
Во истиот хотел, каде што ноќевањето чини над 1.000 долари, уште едно самоубиство било регистрирано и во јули 2023 година. „Контемпорари ризорт“ се смета за еден од најпознатите меѓу повеќе од 25 хотели што се дел од комплексот на Дизни Ворлд.


