Серхио Перес ќе ја има пол позицијата во Саудиска Арабија

Возачот на Ред Бул, Серхио Перес беше најбрз во квалификациите и ќе стартува од првата позиција на трката за Големата награда на Саудиска Арабија, втора во овогодинешниот шампионат во Формула 1.
Перес постигна време од 1:28.265 минути, за 0,155 секунди побрз од возачот на Ферари, Шарл Леклер, кој ќе ја започне трката од 12-та позиција поради казна за замена на една од компонентите на погонската единица.
Следат возачот на Астон Мартин Фернандо Алонсо кој беше побавен за 0,465 секунди, а Џорџ Расел од Мерцедес имаше побавно време за 0,592 секунди и ќе стартува од четвртото место.
Возачот на Ферари, Карлос Саинц, заврши на петтото место во квалификациите, пред пилотот на Астон Мартин, Ленс Строл и возачот на Алпин, Естебан Окон. До 10 позиција се најдоа уште Луис Хамилтон, Оскар Пјастри и Пјер Гасли.
Актуелниот светски шампион од Ред Бул, Макс Верстапен доминираше во сите три слободни тренинзи, но во квалификациите поради дефект на болидот беше принуден да се паркира во гаража и утрешната трка ќе ја започне од 15 место.