Сепак не била несреќа? Откриена тајната на мистериозната смрт на убавата глумица

Натали Вуд и Роберт Вагнер биле златен пар на Холивуд сè до една ноќ кога нивниот идиличен живот се преврте наопаку.

Глумицата Натали Вуд имала само 22 години и само неколку месеци ја делеле од најголемата слава и двата најдобри филма во кои се појавила – „Приказна од западната страна“ и „Сјај во трева“.

Освен тоа, ѝ се остварил и најголемиот сон кога се омажила за згодниот глумец Роберт Вагнер, а наскоро следувала и титулата на еден од златните холивудски парови. Живееле во луксузната вила на Беверли Хилс, уредена во антички, грчки стил.

Но нивната бајка се прекратила една вечер, кога Натали открила дека сопругот го нема во креветот во кој заедно спиеле. Тргнала да го бара по сите соби во вилата. На крајот, го нашла во прегратка на друга личност. И тоа, не во прегратка на друга жена, туку во прегратката на Дејвид Кавендиш кој работел како нивни личен батлер од Англија. Тоа е опишано и во нејзината најнова биографија која, изгледа, дава одговори на бројни до сега неодговорени прашања.

Авторката на биографијата Сузан Финстад вели дека сексуалното неверство на Вагнер не го уништило само нивниот брак, туку како црн облак натежнало над целиот живот на Натали, како и на мистериозната смрт во 1981 година.

Животот го загубила на пловидба со јахта на калифорниското крајбрежје, а на тоа, наводно „кумовале“ и големи количини на алкохол. Сузан во биографијата сугерира дека тогаш 43-годишната Натали, која била скршена од неверството на сопругот, се обидела да го направи Роберт љубоморен и пијана го провоцирала неговиот пријател и колега Кристофер Волкен, па така предизвикала пијана кавга која завршила со нејзино паѓање во морето, при што никој не ја спасил.

Иако се ова е прикажано како несреќа, Сузан сега открила нови докази кои укажуваат дека смртта на Натали не била случајна. Полицијата од Лос Анџелес пак, го отворила овој случај повторно во 2011 година, пишува Showbuzz.

Роберт Вагнер, кој денес има 90 години, негирал билокаква вмешаност во смртта на Натали Вуд, но во 2018 година полицијата го прогласила за сомнителен. Тоа пак, довело сестрата на Натали, Лана, и скиперот на јахтата на која се случила несреќата да тврдат дека Роберт ја убил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот