
Сенатот го потврди „антиваксерот“ Кенеди, ќе биде американски министер за здравство
Американскиот Сенат денеска го потврди Роберт Кенеди Џуниор за секретар за здравство и човечки услуги.
Препорачано
За потврдата на Кенеди гласаше тесно мнозинство од 52 наспроти 48 сенатори, пренесе „Гардијан“.
Кенеди е контроверзна фигура, а политичките противници го опишуваат како „антиваксер“ и ширач на теории на заговор за безбедноста и ефикасноста на вакцините.
Тој е внук на убиениот претседател Џон Ф. Кенеди и беше независен претседателски кандидат на неодамнешните избори, пред да се откаже од трката и да застане на страната на Доналд Трамп.
На денешното гласање, против назначувањето на Кенеди гласаше само еден републиканец – поранешниот републикански лидер во Сенатот, Мич Меконел, кој има преживеано детска парализа, болест која денес е речиси целосно искоренета со помош на вакцините.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
9мин
-
18мин
-
25мин
-
36мин
-
48мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5