Семејството на Чак Норис е бесно поради лажните вести за неговата смрт: „Направени се со вештачка интелигенција“
Семејството на легендарниот актер Чак Норис се огласи речиси две недели по неговата смрт, предупредувајќи за низа лажни информации што се шират на интернет преку вештачки генерирани видеа.
Препорачано
Познатиот акционен херој почина на 86-годишна возраст, а веста за неговата смрт беше објавена следниот ден, 20 март.
Во емотивна објава на неговиот официјален инстаграм-профил, членовите на семејството јасно порачаа дека се свесни за содржината што кружи на социјалните мрежи, но и дека нема никаква врска со вистината.

„Свесни сме дека по смртта на Чак кружат бројни видеа и објави генерирани од вештачка интелигенција што содржат неточни и измамнички информации за околностите на неговата смрт, неговата здравствена состојба и за тоа кој бил со него“, порачале тие.
Додале дека ваквите тврдења се целосно лажни, вклучувајќи измислени приказни за неговите претходни здравствени проблеми и наративите за семејните односи.
Семејството, исто така, упатило јасен апел до јавноста и обожавателите.
„Ве молиме да не верувате ниту да споделувате информации што не доаѓаат директно од семејството Норис или од официјални претставници“, нагласиле тие.
Објавата ја завршиле со благодарност до сите што им даваат поддршка во тешките времиња.
„Ви благодариме за разбирањето и што нè држите во вашите мисли и молитви“, рекоа тие.
Да потсетиме, веста за смртта на актерот беше објавена еден ден по неговото заминување.
„Со скршено срце ја споделуваме веста за ненадејната смрт на нашиот сакан Чак“, стоеше во соопштението.
Семејството тогаш откри дека Чак починал мирно, опкружен со најблиските, нагласувајќи дека сакаат деталите за околностите на неговата смрт да ги задржат приватни.
Во трогателна проштална порака, семејството нагласи дека тој бил посветен сопруг, грижлив татко и дедо и срцето на нивното семејство.
„Нашите срца се скршени, но сме благодарни за животот што го живееше и за сите незаборавни моменти што ги имавме со него“, порачаа тие.
Смртта на Чак Норис ги потресе обожавателите низ целиот свет, а неговото семејство сега, покрај тагата, се соочува и со борбата против дезинформациите што дополнително го комплицираат веќе тешкиот период.
Чак Норис е итно примен во болница на Хаваите, актерот неодамна наполни 86 години


