Семејствата на жртвите од 11 септември нема да можат да ги добијат замрзнатите авганистански средства

Нападот на кулите близначки во Њујорк 9/11/ Фото: Universal Images Group North America LLC / Alamy / Alamy / Profimedia

Семејствата на жртвите од терористичкиот напад на 11 септември 2001 година не можат да ги добијат замрзнатите средства на Централната банка на Авганистан на име компензација, одлучи федерален американски судија во Њујорк.

Станува збор за 3,5 милијарди долари чувани во американската централна банка (ФЕД), кои беа замрзнати на 15 август 2021 година, кога талибанците влегоа во Кабул и ја соборија авганистанската влада, поддржана од Вашингтон.

Семејствата на жртвите од нападите на 11 септември, кои претходно го добија судскиот процес против талибанците, бараат запленување на замрзнатите средства за да го наплатат износот што им се должи според судската одлука. Судијата Џорџ Даниелс од Окружниот суд во Њујорк, сепак, пресуди дека федералните судови немаат надлежност да ги одземат средствата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот