Семејна драма во Сплит: Татко се обидел да го удави своето бебе, полицијата го уапсила

Хрватска полиција
Полиција, Хрватска / Фото: Профимедиа/Илустрација

Маж од Хрватска се обидел да го удави своето неколкумесечно бебе, кое сега е во болница во Сплит, а постарото дете било сместено во детска установа, јави хрватски Индекс.

32-годишникот е уапсен по синоќешната бркотница во Клис, Сплит, а по полициска постапка најверојатно ќе биде пријавен за тешко убиство во обид. Кога полицијата го уапси, тој се уште беше агресивен и даваше отпор, објавија хрватските медиуми.

Бебето кое имало симптоми на давење во сплитската болница го донела мајката, а лекарите ја известиле полицијата.

Кога полицијата дошла по 32-годишникот, тој се заклучил со постарото дете, а потоа избегал.

Центарот за социјална работа во Солин донесе итна мерка според која и бебето и постарото дете од предучилишна возраст се одвоени од семејството.

Постарото дете е сместено во детска установа, а бебето се уште е во болница, на одделението за интензивна нега.

Бебето не е во животна опасност, тоа е хоспитализирано, како и нејзината мајка која е во голем шок и е сместена во психијатриското одделение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот