Селма Хаек објави слика од базенот, а нејзината порака за убавината секоја жена треба добро да ја запамти (ФОТО)

Profimedia

Мексиканско-американската актерка Селма Хаек (53) знае како да го привлече вниманието. 

Селма Хаек / Фото: Профимедиа

53-годишната актерка без шминка направи секси селфи фотографија и покажа како ужива во домот за време на пандемијата на коронавирусот.

Селма позираше во својот базен во вилата во Лондон и покажа како изгледа без шминка.

– Моите омилени денови се оние без шминка и кога не се гледаш во огледало бидејќи размислуваш за тоа како изгледаш. Само си присутен и ја правиш својата работа, вели актерката.

Селма Хаек / Фото: Инстаграм

– И ова е најдобрата работа – кога не носите шминка, кога не размислувате „како изгледам без шминка“ или пак „ја заборавив шминката“. Кога само го живеете животот и не ви е воопшто приоритет тоа како изгледате.

Хаек призна и дека имала многу несигурности кога била помлада, од кои доста научила.

Селма Хаек / Фото: Инстаграм

– Кога ќе ги погледнам фотографиите од своите 30-ти или 40-ти години, се гледам себе си како многу поубава од тоа што мислев дека сум убава во тоа време. Многу се критикував себе си. Сега кога ќе се погледнам во огледало, тоа се мани кои сега не ги гледам и само се прашувам колку ќе се сакам себе си за 10 години, додаде таа.

Селма Хаек / Фото: Профимедиа

Хаек во последните два месеци беше изолирана во својот дом во Лондон со својот сопруг Франсоа Анри Пино (57) и со ќерката Валентина Палома (12).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот