Селена Гомез се бори со биполарно пореметување – Отидов во психијатриска болница и добив дијагноза

профимедиа

Пејачката Селена Гомез (27) призна дека години наназад се бори со биполарно пореметување, како и дека поради тој проблем посетила и психијатриска болница.

Селана во отворен разговор за својата психичка состојба раскажа дека и е дијагноситицирано биполарно пореметување откако била во установа за ментални болести.

– Неодамна бев во една од најдобрите психијатриски болници и таму ја добив дијагнозата. Тоа истовремено ме преплаши, но и ме релаксираше. Ме релаксираше затоа што конечно го дознав причинителот на сите мои депресии и тешкотии во текот на изминатите години, призна Селена.

Таа откри и како се справува со сознанието дека боледува од биполарно пореметување, па раскажа што на неа најмногу и помага да ја прифати моменталната ситуација.

– Се до овој момент не бев свесна што ми се случува. Сега кога конечно ги имам сите информации тоа ми помага и знам што треба да направам. Кога бев млада, силно се плашев од грмежи, па мојата мајка ми купи многу книги за тоа како настануваат тие. Ми кажа: „Колку повеќе знаеш за тоа, помалку ќе се плашиш“ и успеа. Истото важи и за овој мој проблем, изјави пејачката.

профимедиа

Пејачката говореше и за анксиозност и депресија, а објасни и зошто претходно не му обрнувала внимание на своето ментално здравје.

– Ја сум девојка од Тексас, а тука едноставно не се зборува за менталното здравје. Тука мора да изгледаш кул. Така кај децата и тинејџерите само се насобира бесот, раскажа Селена.

Селена, исто така, страда од лупус, автоимуна болест која го напаѓа здравото ткиво и органите, па пред две години таа итно мораже да оди на трансплантација на бубрег кој и го донираше нејзината пријателка и колешка Франсиа Раиса.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот