фото: ТВ 24, Зијадин Села, интервју за 24 анализа

Села: Таравари работи на уништување на АА, треба сами да одиме на избори

Зијадин Села од Алијанса за Албанците (АА) вечерва го повтори својот став дека партијата треба сама да настапи на претстојните избори. Како што истакна во гостување на „24 Анализа“, Арбен Таравари работи на уништување на АА и се користи како марионета на ВМРО-ДПМНЕ.

„Стојам на ставот дека треба сами да одиме на избори и сум против самоволието во една партија. Нема да дозволам тоа да се случи во моментот кога јас сум претседател на Алијанса. Чинителот кој доведе до таква ситуација во Тетово е Таравари. Кога делуваш политички по наредби, не може да се спречи разединување и тој работи на уништување на Алијансата“, кажа Села.

Најважно според него било партијата да биде и остане соединета, а во наредниот период, напомена, дека ќе се разјаснат многу работи.

„Се договориме со Таравари дека на изборите Алијанса ќе оди сама и потоа се случи тоа. Не знам кој раководел со Таравари, сега Алијанса се враќа на патот“, потенцира Зијадин Села.

Села демантира дека поддржува кандидат на ДУИ за претседател на државата. Вели, Таравари ја имаше мојата целосна поддршка ако излезеше како кандидат на Алијанса, но од моментот кога дезертираше, тој не е кандидат на Алијанса.

На Таравари му порача дека не му доликува да ја шверцува партијатата за нечии интереси, а не ни заслужува да се нарекува претседател на партија.

Судот, вели Зијадин Села, ќе решава кој ќе биде формално лидер на Алијанса за Албанците. И Села и Таравари се колнат дека тие се легитимен претседател. Канцелариите ги поделија, но печатот се уште не го дава никој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот