Секојдневните потреби го натерале прачовекот добро да го запознае морското дно

Фото: Профимедиа

Доказите на научниците исто така ги рушат стереотипите дека неандерталците биле насилни суштества, кои деновите ги поминувале ловејќи диви животни.

Најновите истражувања покажуваат дека праисториските луѓе кои живееле пред околу 400.000 до 40.000 години нуркале во потрага по школки. Овој податок го руши стереотипот за неандерталците како брутални суштества без способност за размислување, пишува српски „Телеграф“.

До денес се пронајдени само малку докази дека праисториските луѓе знаеле да пливаат. Тим на истражувачки кој ги проучувал школките во италијанската пештера Грота де Москерини потврдија дека станува збор за школки кои ги собирале неандерталците. Живееле во близина на пештерата која се наоѓа во близина на регионот на Лацио, а од школките правеле остри предмети.

Научник од Универзитетот во Колорадо, Паоло Вилја, заедно со своите соработници анализирал 171 парче на нивниот древен алат. Сите се направени од мазни школки (Callista chione). Орудието првпат е пронајдено од археолози за време на ископувања во 1940-тите години и оттогаш се истражува неговото потекло.

Поголемиот дел од пронајдените школки во пештерата се слични на оние кои се наоѓаат на морските брегови. Сепак, една четвртина од нив имале мазна надворешност, без знаци на оштетување. Ова сугерира дека се собрани од морското дно, додека се уште биле живи.

Доказите на научниците исто така ги рушат стереотипите дека неандерталците биле насилни суштества, кои деновите ги поминувале ловејќи диви животни. Познато е дека собирале школки во плитките води, но не се пронајдени докази за нивните пливачки и нуркачки способности, барем досега.

– Најновото откритие покажува дека неандерталците користеле ресурси од морето, не само поради исхрана, туку и за правење на орудија – констатира докторот Мет Поуп, од Институтот за археологија УЦЛ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот