Секоја ноќ се будите во исто време – дознајте што телото, всушност, сака да ви каже

unsplash
Фото: Unsplash

Сите веќе знаат дека квалитетниот сон е клучен за здравјето. И кога ќе почнеме да се будиме среде ноќ поради некоја необјаснива причина, логично е да бидеме загрижени како тој прекинат сон ќе влијае на нас. За жал, загриженоста за недостатокот на сон веројатно нема да го реши проблемот. Всушност, склони сме претерано да следиме колку точно сме успеале да спиеме ноќе, а оваа грижа не спречува да се опуштиме на начин што ќе ни помогне цврсто да заспиеме. Накратко, се создава маѓепсан круг. А тогаш, настојувањето да не се вознемирите и загрижите за недостатокот на сон е речиси исто толку важно – и исто толку тешко – како и проблемите што самото неспиење ги предизвикува.

Можеби е добра идеја да размислите и да ги процените вашите навики за спиење, вклучително и дали (и кога) ќе се разбудите во текот на ноќта. Но, прво, да ве смириме малку: воопшто не е невообичаено да се разбудите среде ноќ. Всушност, д-р Хозе Колон, автор на „Диета за спиење“ (The Sleep Diet), вели дека будењето четири до шест пати секоја вечер е вообичаено.

Но, иако будењето во текот на ноќта е доста вообичаено, би требало да можете повторно да заспиете во рок од пет минути. Луѓето често дури и не се сеќаваат дека се разбудиле. Ако не можете толку лесно повторно да заспиете, можеби да станува збор за некој подлабок проблем. Затоа, треба да внимавате на времето кога ќе се разбудите – имено, ако ова време е секогаш исто, може да открие многу за вас и за вашето тело.

1. Тешко заспивате помеѓу 21 и 22 часот: Под стрес сте

Будењето во тој случај веројатно се случува набргу откако личноста ќе заспие. Ако сте еден од оние кои се будат во ова време, тоа може да биде знак дека сте под стрес, загрижени или вознемирени. Последица на ова е дека телото потсвесно влегува во начин на бори се или побегни (flight or fight). Мајкл Перлис, директор на програмата за бихејвиорална медицина за спиење на Универзитетот во Пенсилванија, вели дека општо правило е дека ако имате проблем да заспиете на самиот почеток на ноќта, тоа е предизвикано од анксиозност или стресни животни настани.

Стресот стана вообичаен виновник за се. Истовремено размислуваме за десет задачи и од нас се очекува секоја да ја завршиме беспрекорно. Кога конечно ќе легнеме, мислите и понатаму ни се во тие задачи и ни оневозможуваат да потонеме во сон. Проблеми на работа, децата во училиште, утрински задачи околу куќата, вежбање, исхрана… Листата е се подолга и подолга.

Стручњаците препорачуваат да размислите за ноќна медитација ако сте се сретнале со овој проблем. Медитацијата му овозможува на телото влез во состојба на мир и смиреност, а тоа ќе го избрка стресот кој се насобрал во текот на денот. Можете да слушате смирувачка музика половина час пред легнување, што ќе ја забави мозочната активност и отчукувањата на срцето и ќе ве подготви за спиење.

2. Се будите помеѓу 23 часот и 1 наутро: Сте доживеале емоционално разочарување

Традиционалната кинеска медицина ова време го препишува на вашето жолчно ќесе, а тоа ги контролира емоциите. Тоа управува со страстите во животот, акцијата и со тврдењата. Доколку е во баланс, се чувствуваме среќно и задоволно. Но, ако ни недостасува страст, имаме проблеми со одлучувањето или сме плашливи, значи дека жолчното ќесе не е во рамнотежа.

Според кинескиот телесен часовник, во тоа време се активира енергетскиот меридијан задолжен за жолчното ќесе. Вашето жолчно ќесе работи напорно за да ги разгради сите маснотии што сте ги консумирале во текот на денот, па будењето во ова време може да сугерира дека е време да анализирате што всушност јадете пред спиење или да ја преместите вечерата на порано во вечерните часови.

3. Се будите помеѓу 1 и 3 наутро: Лути сте

Ако момчето заборавило да ги измие валканите садови, или колешката на работа, која баш и не ја сакате, добила незаслужено унапредување, тогаш сте лути. Лутината е поврзана со црниот дроб. Чувствата и замерките кои не сме ги изразиле се собираат во црниот дроб, па кога се обидувате да спиете телото ве потсетува дека морате да поработите на тие чувства. Важно е да се изразите, бидејќи на тој начин зацврстите врската и да се ослободите од негативноста. Но ако не се позанимаваме со тие чувства, тоа води до создавање на тежок товар кој ќе се манифестира со недостаток на сон.

4. Се будите помеѓу 3 и 5: Вишата сила сака нешто да ви каже

Во овој дел на ноќта најактивни се белите дробови, па тие се одговорни за доставата на енергијата низ целото тело, како и за потпората на имуниот систем. Тие сигнализираат чувства на тага и депресија. Доколку поминувате низ тежок период и не знаете како да го преминете, можеби е време да размислите што сака да ви каже вишата сила. Ако се будите во ова време од ноќта, опуштете се и дишете.

5. Се будите помеѓу 5 и 7 часот изутрина: Имате емоционална блокада

Будењето во ова време од ноќта означува претерано активни црева. Како човечко суштество, сигурно ќе доживеете некој да ве повреди. Таквото искуство води до затварање во себе и потпирање само на себе, пред да ризикувате повторно да ве повредат. Доколку имате проблем да им се доверите на другите, или едноставно не можете да заборавите некои работи, можеби имате проблем со цревата. Нивната задача е да го отстранат отпадот и она што не ни треба од телото.

Физичката функција на органите е многу блиска со духовната, а и емоционалната, нивната задача е да го отстранат се она што не ни е потребно. И затоа, ако се будите навечер, кинеската медицина ве упатува да се соочите со емоциите и конечно мирно да заспиете.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот