„Сејф сити“ регистрираше двојно помалку прекршоци, најбрзиот возач е фатен со 209 километри на час
Системот идентификувал „жешки точки“ на кои се регистрирани најмногу прекршоци за брзо возење или минување на црвено светло. Според МВР, најбрзо се вози на излез од Скопје кон Тетово и на булевар „Никола Карев“, додека најмногу прекршоци за поминување на црвено се регистрирани на раскрсницата на улицата „Цветан Димов“ и улицата „Џон Кенеди“.
На вториот ден од тестирањата, системот „Безбеден град“ забележал вкупно 50.652 прекршоци, што е двојно помалку од првиот ден, кога системот регистрираше околу 110.000 прекршоци. Според МВР, повеќе од 95 отсто од вчерашните прекршоци биле поради возење со брзина поголема од дозволеното – 48.861, за минување на црвено светло се снимени 1.366, а за нерегистрирани возила – 425 прекршоци.
Препорачано
Мицкоски: Ја поддржувам примената на „Безбеден град“ и негово проширување низ цела Македонија
Најмногу прекршоци за брзо возење се регистрирани на излез од Скопје кон Тетово – 4.300, како и на булевар „Никола Карев“ – 3.000 прекршоци.
Најголема брзина за која е регистриран прекршок во тест периодот е 209 км./ч.
Системот идентификувал „жешки точки“ на кои се прават најмногу прекршоци за брзо возење или минување на црвено светло во Скопје. Според МВР, најбрзо се вози на излезот од Скопје кон Тетово и на булеварот „Никола Карев“ (меѓу Калето и Момин Поток), додека најмногу прекршоци за поминување на црвено имало на крстосницата на улиците „Цветан Димов“ и „Џон Кенеди“ во Чаир.
„Системот „Безбеден град“ во периодот од 02.12.2025 година од 00:00 до 12:00 часот има регистрирано најмногу прекршоци за возење побрзо од дозволената брзина на излез од Скопје кон Тетово, каде се регистрирани 4.300 прекршоци, како и на булевар „Никола Карев“, каде се регистрирани 3.000 прекршоци за возење побрзо од дозволената брзина“, велат од МВР.


